Иванов го прими претседателот на ПССЕ Мињон

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, беше изразено задоволство од традиционално добрата соработка на Република Македонија со Советот на Европа.

Двајцата соговорници размениле мислење за досегашниот ангажман на Република Македонија во работата на институциите на Советот на Европа, како и за учеството во реализацијата на иницијативи и проекти од долгорочен интерес за земјава и регионот.

Во контекст на надворешната политика, претседателот Иванов го реафирмираше ставот дека Република Македонија со несмалено темпо работи на исполнување на стратешките приоритети – членството во Европската Унија и НАТО. Македонскиот претседател изрази благодарност до Советот на Европа за досегашната поддршка и помош, која во голема мера помогна Република Македонија денес да биде држава која ги исполнува сите критериуми за членство во НАТО и е подготвена веднаш да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

На средбата, претседателот на ПССЕ истакна дека целта на посетата е да биде изворно информиран и да размени мислења за актуелностите во Република Македонија во пресрет на разгледувањето на извештајот за Република Македонија.

Воедно, Мињон истакна дека Советот на Европа и Парламентарното собрание и натаму ќе ја поддржуваат Република Македонија во реформските процеси и во напорите за целосна интеграција на земјата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов