Претседателот Иванов го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти Fx3x

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вчера попладне го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти за играни филмови и рекламни спотови Fx3x.

Македонскиот претседател присуствуваше на снимањето на филмот чијшто работен наслов е „Чекајќи ги парите“, филм којшто се очекува да биде завршен за 7-8 месеци, и да биде прикажан пред домашната публика, како и во странство.

Претседателот Иванов, соопшти денеска неговиот кабинет, проследи една од сцените за време на снимањето на филмот и посака успех на целата екипа. Актерската екипа ја сочинуваат Ана Стојановска, Сенко Велинов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчев, Горазд Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Вељановски и Илбер Муртези.

За снимањето на филмот се задолжени СД-Продукција и ДМФ, директор на фотографија е Дејан Димески, а продуценти се Дејан Илиев и Слободан Деспотовски, кој воедно е и режисер на филмот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on