Претседателот Иванов го осудува физичкото насилство што се случи во затворот „Скопје“

Од:

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во КПУ Затвор Скопје – Скопје.

„Безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување. Во казнено поправните установи во Република Македонија мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност“, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

Оттаму посочуваат дека согласно член 10 од Уставот „животот на човекот е неприкосновен“, а согласно член 11 „физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Согласно Законот на кривична постапка, член 176 став 1, „при издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

„Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија. Затоа, очекуваме што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи, познати или непознати за јавноста. Бараме одговорност од сите надлежни институции“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ