Претседателот Иванов ги прими литванскиот и романскиот министер за надворешни работи

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими министрите за надворешни работи на Литванија и на Романија, Линас Линкевичиус и Титус Корлацеан.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, биле разменети мислења за европската перспектива на Република Македонија, за актуелните состојби во земјава и регионот, а бил потврден интересот за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката на Македонија со Литванија и Романија.

Претседателот Иванов изразил задоволство од честите средби и нивото на политичкиот дијалог со двете земји, поздравувајќи ја успешната соработката на двете министерства со Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Во контекст на евроинтеграциите, претседателот Иванов се заблагодарил за досегашната поддршка од Република Литванија и Романија, и изразил очекување дека Република Македонија ќе добие позитивен извештај од Европската комисија и повторување на препораката за почеток на пристапни преговори за членство во Европската унија.

– Статус кво состојбата не е опција, и не носи ништо добро, напротив ги забавува сите тие процеси и ги продлабочува јазовите. Очекуваме во декември конечно да се деблокира интеграцијата на Република Македонија, бараме позитивниот пример на паралелно движење во интеграциите и надминувањето на билатералните разлики да биде применлив и за нас и очекуваме поддршка од сите пријатели во Европската унија, истакнал на средбата претседателот Иванов.

На средбата, македонскиот претседател ги запознал соговорниците со најновите случувања во процесот на разговорите за надминување на прашањето за името, истакнувајќи дека Република Македонија останува посветена и конструктивна со цел изнаоѓање на компромисно решение.

Министрите за надворешни работи на Република Литванија и Романија ги поздравиле напорите кои Република Македонија ги вложува во реформскиот процес и исполнување на стандардите за членство во Европската унија, согласувајќи се дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговори.

Во таа насока, министрите Линкевичиус и Корлацеан се заложиле за натамошна поддршка од Литванија и Романија со цел надминување на предизвиците и заокружување на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on