Претседателот Иванов ги прими акредитивите на тајланскиот амбасадор Манатат

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Тајланд за Република Македонија Ратахит Манатат.

Како што соопшти денеска Кабинетот на Претседателот, на свеченото предавање на акредитивните писма Иванов изразил задоволство од именувањето на прв нерезидентен амбасадор на Кралството Тајланд за Република Македонија и му посакал успешно вршење на оваа високо ценета и одговорна функција.

На средбата, македонскиот претседател изразил подготвеност за натамошно унапредување и интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји, кои ги карактеризира пријателство и меѓусебно разбирање и изрази интерес за интензивирање и зајакнување на соработката со Тајланд на економски план.

– Во овој контекст ја искажувам својата поддршка и на иницијативите за заокружување на правната рамка меѓу Република Македонија и Кралството Тајланд. Исто така, сакам да искажам и подготвеност за соработка на мултилатерален план, порачал македонскиот претседател и истакнал дека Република Македонија го цени гестот што дипломатските односи со Кралството Тајланд се воспоставени под уставното име на нашата земја.

Потенцирајќи дека му претставува чест што е прв амбасадор на Кралството Тајланд за Република Македонија, амбасадорот Мананат истакнал дека ќе вложи напори за продлабочување на односите меѓу двете земји и двата народа и посочил дека Тајланд како држава која се наоѓа во срцето на Азија може да претставува мост за економска соработка на Република Македонија со земјите од тој дел на светот.

-Еден од најефективните начини за зајакнување на нашата економска соработка е преку склучување и реализирање на економски договори. Двете страни очекуваат нацрт-договорите за слободна трговија, за избегнување на двојно оданочување и спречување на фискална евазија, договорот за поттикнување и заштита на инвестиции и договорот за воздушен сообраќај, да бидат финализирани и да започне нивното применување што поскоро, истакнал амбасадорот Мананат и пренесувајќи поздрави од Кралот на Тајланд.

Двајцата соговорници го споделиле ставот дека и покрај географската оддалеченост, постои заедничка желба и потенцијал за натамошно посеопфатно развивање и унапредување на меѓусебните односи и соработката во повеќе области, туризмот, културата, здравството, науката и индустријата.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on