Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска поднесе оставка

Од:

Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска поднесе оставка. Обвини дека уште по нејзиниот избор на функцијата почната медиумската кампања чија цел била да се изнуди нејзина оставка. Црвенковска оставката ја поднесе на денешната седница на Судскиот совет, а потоа и ја достави до медиумите.

– Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството.
Стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите. Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита.
Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството се вели во писменото обраќање на Црвенковска.

Црвенковска останува членка на Советот. Оставката сео днесува на претседателската функција. Седницата на Советот е прекината, неизвесно е дали ќе продолжи.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски