Претреси во струмичко, пронајдена дрога, приведени дилери

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претреси во струмичко е пронајдена дрога и се приведени дилери.

„Денеска (16.12.2021) во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.А.(34) од с.Нова Маала, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица. Исто така, на 16.12.2021 во периодот од 13 до 14 часот, по добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Џ.А. (21) од с. Нова маала при што е пронајдена марихуана. Лицето е лишено од слобода.

При претресите се пронајдени околу три килограми марихуана, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби