Претреси во струмичко: Приведени четворица дилери на хероин и кокаин

Од:

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија.

Денеска (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога.

По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ