Претреси во Скопје, пронајдена дрога и украдени предмети, приведени две лица

Од:

На 31.8.2022 во 19.45 и 22 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за внатрешни работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.Ж.(19) и Ф.Г.А.(27), двајцата од Скопје.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени 15 брендирани очила и други предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ која ја извршиле во оптика во трговски центар на подрачје на Аеродром на 20/21.08.2022.

Исто така, при претресот кај Ф.Г.А. биле пронајдени и 64 пакувања со прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он