Претрес во скопски Сарај, пронајдени дрога и муниција

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот А.Ј. од скопски Сарај, информира МВР.

При претрес на дом и други простории кај А.Ј., извршен по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“, соопшти МВР.

По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари