Вчера вечер, околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 34-годишниот М.Н. од Кавадарци, информира МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, соопштува МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
