Претрес во демиркаписко, пронајдена муниција и алат за изработка на муниција, приведени две лица

Од:

На 08.09.2023 како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино лишени се од слобода Ќ.С.(28) и И.С.(23) од с. Корешница, демиркаписко.

Имено, во при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина