Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот И.Л. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
