Претепаната девојка од Штип: Татко ми почина од жал по мене, сега сум сама и без пари

Од:

Не запираат проблемите на 21 годишната девојка од Штип за која јавноста дозна од видео-клипот на кој се гледаше како физички ја тепаат двајца мажи, а беше објавен на социјалните мрежи. Непосредно по настанот, починал татко и кој и бил единствената поддшка и поткрепа, бидејќи мајка и поради здравствени проблеми е сместена во психијатриска установа. Таа вели дека неговото срце не можело да ја издржи болката со која се соочила и дека причината за срцевиот удар било сознанието дека е тепана и малтретирана.

„Татко ми не знаеше за малтретирањето што ми се случи, дозна откако се објави целата работа и полицијата ни дојде на врата. Можеби објавата на видеото помогна, да се казнат овие двајцата што ме малтретираа но, овој немил настан многу го погоди татко ми, од тага му пукна срцето. Сега сум сама, во долгови, без работа и без поддршка“,изјави оваа девојка за „А1он“.

Вели дека иако се казнети двајцаа штипјани што ја нападнаа и понатаму живее во страв, затоа што се уште да ја вознемируваат од скриени броеви.

„Постојано ми вртат од скриени броеви. Сугурна сум дека се тие , последниот пат кога вртеа, јасно го слушнав гласот на Пепи, еден од напаѓачите“, вели таа.

Таткото и ја оставил со неподмирени кредити од над 200 илјади денари, неплатени сметки за струја, вода, кабелска. Во овој момент единствено и помага чичко и, но како што вели и тој повеќе нема сили затоа што има свое семесјтво и давачки кои мора да ги подмири. Порача до надлежните и бизнис заедницата да и се излезе во пресрет на девојката со вработување, за да може животот да го продолжи во нормални услови.

„Девојчето остана само без никакви помош , освен 4000 денари социјално кое почна да ги прима месецов. Брат ми немаше пензија, немаше плата и едвај успеавме да собереме пари за погребот. Не знам ни јас каде веќе да барам пари, немам сили. Во овој момент, најпотребно и е вработување. На спратот кај што е таа нема никави услови, мебелот е стар и дотраен, нема кујна, нема машина за перење, а нема ниту телевизор, ниту кабелка. Ова не е живот за девојка на нејзини години“, објаснува чичко и.

Вработувањето за оваа девојка е и единствената надеж да си го врати детето, кое пред една година е дадено на згрижување. Како што ни објасни Кате, кога се породила била со нарушено здравје и социјалните служби морале да постапат вака, затоа што немало кој да се грижи за него.

„Детето е сместено во дом за деца без родители во Битола. Имав многу тешко породување и не можев да го гледам, а таткото не го призна како свое. Сакам да си го вратам назад, но знаете дека за да го издржувам мора да имам финансиски средства. Затоа барам помош од сите и надлежни служби и хуманитарни организации да излезат во пресрет, не сакам моето дете да расте во дом и без мајка“, додава девојката.

За оваа штипјанка јавноста дозна по објавување на видео снимка на која се гледаше како двајца мажи ја тепаат и омаловажуваат во влез на зграда. Насилниците беа веднаш откриени, а судот им изрече казна во траење од две години и шест месеци.

Во истовреме и беше пружена психосоцијална поддршка од штипскиот центар за социјални работи , а преку една невладина организација доби бесплатна правна помош за застапување пред судот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ