Пресудата за „Тендери“ ќе биде објавена на 12 мај

Од:

Пресудата за „Тендери“ ќе биде објавена на 12 мај откако во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одржаа завршните зборови на одбраната во кои бранителите и обвинетите побараа ослободителна пресуда.

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“.

Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

За истото дело се обвинети и Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова Цветковска, членови на Комисијата за јавни набавки.

Канческа Милевска денеска изјави дека врз основа на целокупниот доказен материјал се докажало дека не го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Не се докажа дека се точни наводите на обвинението дека е сторена повреда на службената положба и овластување, напротив, се докажа дека јавната набавка е однапред планирана и истата е предвидена во годишниот план за јавни набавки за 2011 година во Министерството за култура, рече Канческа Милевска.

Обвинетата Лидија Лазарова Цветковска, во своите завршни зборови, исто така, изјави дека обвинителство не успеало да ги докаже клучните прашања наведени во обвинителниот акт.

Јулијана Угриновска, исто така обвинета, изјави дека останува на својот исказ дека не чувствува вина и истакна дека не се согласува со тврдењата на јавното обвинителство.

– Јас во целата доказна постапка не можам да ја видам мојата вина, притоа никаде не е споменато моето име, рече Угриновска.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Дончев.

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“

„Тендери“: Екс министерката за култура треба да се пофали, а не да се осуди, велат бранителите и бараат ослободителна пресуда

Анита Петровска Рајковиќ