А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите сметаат дека рокот за жалба е прекраток

by А1он17/06/2019 - 19:2918/06/2019 - 08:15443
Share0

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

Добивај вести на вибер

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток. Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

27 april

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он24/01/2025 - 17:02

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Горан Наумовски29/12/2024 - 13:07

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Горан Наумовски25/12/2024 - 11:42

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски24/12/2024 - 13:2024/12/2024 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен