Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмет за пресудата за Тачи

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја оцени како неправедна и длабоко разочарувачка денешната пресуда за Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Сељими.

Ахмети ставот го објави на социјалните мрежи веднаш по изрекувањето на пресудата, при што повика на воздржаност и единство.

„Не смееме да паднеме во никаква замка што има за цел да создаде тензии, поделби или да ја оцрни ослободителната војна на народот на Косово“, напиша Ахмети.

Тој посочи дека УЧК се родила како одговор на угнетувањето и се борела за слободата на Косово.

„Поранешните тврдења за трговија со органи, кои со години ја оптоваруваа УЧК и нејзините лидери, не се претворија во обвиненија во овој процес“, наведе Ахмети.

Според него, судот денеска ги ослободил обвинетите од обвиненијата за злосторства против човештвото и потврдил дека целта на УЧК била независноста на Косово, цел која била постигната.

Ахмети оцени дека овие факти треба да се паметат секогаш кога некој се обидува да ја прикаже УЧК како криминално претпријатие.

„Процесот не завршува тука. Веруваме дека одбраната ќе ја продолжи правната битка во Апелацискиот суд, оспорувајќи ги наодите на првостепениот суд и барајќи правда до крај“, напиша Ахмети.

Тој заклучи дека војната на УЧК била војна за слобода и дека историјата на Косово не може да се препишува, а жртвата на цел еден народ не може да биде ставена на обвинителна клупа.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он