Пресуда за обвинетите во „Труст“

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши кој билој закон.

– Покрај сувото гори и суровото, рече Кочан и додаде дека единствена цел му била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства.

Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска.

– Како менаџер, иако сум имал обврска да ги проверувам сите документи пред да ги потпишам, тоа не го направив верувајќи цврсто во својот тим, рече Кочан.

И Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Според него, обвинението е неосновано и дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.

Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда.

Претставникот на „Трансмет“ ДОО Скопје, Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Трансмет“ ДОО Скопје.

Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ“ рече дека Судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена одлободителна пресуда за сите.

Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети.

СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.

Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.

Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: СЈО се интегрира во Обвинителство за организиран криминал на чело со Русковска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ласовска: Која здравствена установа издала боледување на Јанева?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тортевски: Предметите на СЈО со ништо не се загрозени, криминалот не смее да остане несанкциониран

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Ласовска: Катица Јанева се крие и бега од одговорност

Ана Ололовска

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО

Ана Ололовска

Асани: Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеат Кочан

Ана Ололовска