Пресуда на ЕСЧП против С. Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Од:

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда против Северна Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби сместено во јавна установа и врзано за кревет поради безбедност, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Случајот на Л.Р. против Северна Македонија (предмет бр.38067/15) се однесува на Л.Р., дете сместено во јавна установа од возраст од три месеци и наводите за несоодветна и лоша грижа и третман кон него. Една невладина организација дознала за неговата состојба по посетата на Народниот правобранител во центарот каде престојувал во 2013 година и го нашле врзан за неговиот кревет.

Во својата пресуда на Судскиот совет 1 на ЕСЧП донесена денеска во овој случај, едногласно, заклучува дека имало повреда на член 3 (забрана за нечовечки или понижувачки третман) од Европската конвенција за човекови права, со образложение дека властите се одговорни за сместување на Л.Р. во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби, затоа што не ја добил потребната грижа и нечовечките и понижувачки третмани на кои тој беше жртва.

Со шест гласови „за“ и еден против, ЕСЧП исто така смета дека имало повреда на член 3 (за истрага) заради недостаток на ефективна истрага.

За Судот посебно е загрижувачки што едно толку ранливо лице, како жалителот, осумгодишно дете кое има ментален хендикеп и е глуво и немо, можело да биде често врзувано за неговиот кревет за време на престој во центарот, околу една година и девет месеци, при што центарот не можел да ги исполни неговите потреби. Од оваа установа им било укажано на надлежните дека не може да го сместат детето затоа што биле недоволно квалификувани и неговите вработени немале вештини за да се грижат за него.

Судот понатаму смета дека наместо да се размислува за генералниот неуспех на системот да одговори на потребите на Л.Р., истражните органи се обиделе да ја покренат во истрагата кривичната одговорност на вработените во установата, што го навело обвинителството да заклучи дека имало недостаток на намера да наштети и да го затвори случајот.

ЕСЧП пресуди Северна Македонија да му плати на жалителот 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.

Станува збор за случај кој бил обелоденет по посетата на Народниот правобранител во неговиот извештај од 2014 година, по што Хелсиншкиот комитет го посети детето во установата и поведе судска постапка.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава