Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра.

„Во текот на вчерашниот ден (14.12.2021) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар во координирана полициска акција разбиена е организирана криминална група, со што е пресечен меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога при што се запленети околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра. Во текот на денешниот ден (15.12.2021), ОСОСК до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., од кои три се од Гостивар и едно од Дебар, на возраст од 30 до 47 години, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

„Имено, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, пријавените лица набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско, а на 14.12.2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Р.Бугарија, соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

На 14.12.2021 околу 17.15 часот, од страна на полициските службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.

Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ