А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Препораки од АХВ за заштита на животните и домашните миленици од високи температури

by А1он29/06/2017 - 14:28145
Share0

Агенција за храна и ветеринарство денеска упати препораки за заштита на животните и домашните миленици за да се спречат несакани појави како резултат на високите температури.

Добивај вести на вибер

Од АХВ информираат дека е потребно на животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода, да се држат во проветрени простории, да се внимава на густината на сместување на животните во објектите и да бидат заштитени од директните дејства на сончеви зрачења, односно на испустите да има натстрешници или природни ладовини.

Животните кои се наменети за работа, нивниот транспорт и излегување да се врши во раните утрински или вечерни часови, кога температурите се ниски.

Агенција за храна и ветеринарство соопшти дека порастот на температурите над 30 степени целзиусови за секое животно претставува исклучително голем стрес кој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

Доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, со висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да дојде до појава на топлотен удар кај животните. Сончаницата, како што се наведува, се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончевото зрачење, а исходот може да биде фатален доколку не се делува на време.

Топлотниот удар се јавува во момент кога организмот не може да оддава топлина туку дополнително прима од надвор (висока надворешна температура и висока концентрација на влажност на воздухот). За оваа состојба дополнително придонесува напорната работа или транспортот на животните при висока температура.

Симптомите, како што информира АХВ, се манифестираат во облик на забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, анурија, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза.

Времето на појава на првите симптоми зависи од надворешната температура, влажноста на воздухот и вентилацијата, како и од состојбата на самиот одбранбен механизам на животните. Доколку се забележат такви симптоми кај животните потребно е итно да се реагира. Животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество воздух, да му се даде доволна количина свежа вода, а телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа бидејќи мозокот и продолжениот мозок се најкритични. Да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.

АХВ потсетува дека сопствениците на домашни миленици мора да се придржуваат на неколку правила: да не ги оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сончевите зраци и да избегнуваат прошетки со милениците во текот на најтоплиот период од денот.

ahv

Би можело да ве интересира

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:24

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски04/12/2025 - 14:0904/12/2025 - 14:45

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Предраг Петровиќ28/11/2025 - 12:21

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:12

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ27/11/2025 - 11:3927/11/2025 - 11:52

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 09:4823/11/2025 - 09:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен