А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Препораки од АХВ по најавите за пад на температурите и снежните врнежи

by А1он12/01/2021 - 14:05291
Share0

Најавените врнежи од снег проследени со ветер и падот на темепертури можe негативно да влијaат на здравјето на животните, иако, повеќето видови, релативно добро го поднесуваат студеното време. Во вакви услови, фармерите треба навреме да обезбедат вода и храна за животните, најмалку за две недели, во количини кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на животните. Храната треба да е со задоволителна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на фармите, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добивај вести на вибер

На својата интернет страница, АХВ објави препораки во кои, меѓу другото, нагласува дека при екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег, животните треба да се држат затворени во објектите/шталите или да им се обезбеди соодветно засолниште. Притоа, особено треба да се внимава на хигиената, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова.

Според АХВ, молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз.

-Во услови на ниски температури и врнежи од снег, препорачливо е одгледувачите да ја зголемат вообичаената дневна дажба на храна за животните, а особено кај гравидните, за да можат да ја одржуваат својата телесна температура. На животните никако не треба да им се дава смрзната храна. Тие исто така не можат и не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат со лижење мраз или снег. Затоа, треба да им се обезбеди свежа вода за пиење со соодветна температура. Препорачливо е фармерите, во одгледувалиштата кои имаат автоматски/статичен систем за напојување, навреме да се снабдат со доволен број корита, кофи, кои ќе ги употребат за напојување на животните.

Според АХВ, доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид прекривки за нив, но, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви.

-Здравствената состојба на животните во вакви услови треба почесто од вообичаено да се следи, односно животните треба почесто да се посетуваат и набљудуваат. Молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз. Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар, за дополнителен совет или доколку се потребни интервенции, препорачува АХВ.

ahv

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 10:38

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 09:57

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 10:0618/01/2026 - 10:09

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:20

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:24

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски04/12/2025 - 14:0904/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен