Препорака за задолжително превривање на водата за пиење во Тиквешијата

Од:

Задолжително превривање на водата за пиење во Тиквешијата, препорача денеска Центарот за јавно здравје откако дојде до заматување на водата за пиење поради обилните врнежи.

Дождовите се особено обилни на планината Кожуф каде се наоѓа регионалниот водовод „Лукар“ од кој со вода за пиење се снабдува населението од Тиквешијата.

– Извршено е неопхдното испитување на својствата на водата за пиење. Не е утврдено присуство на резидуален хлор и затоа на Јавното претпријатие „Комуналец“ му препорачавме да ја зголеми дозата на хлор во хлоринаторната станица. Бидејќи се очекува врнежите од дожд да продожат и во наредните денови, наложив допонително хлорирање на водата со течен хлор, информира доктор Трајче Ризов, раководител на Центарот за јавно здравје од Кавадарци.

Земавме, додаде, мостри од водата, а во среда ќе ги имаме резултатите и ќе ги соопштиме и препораките до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он