Преовладува оптимизам пред средбата на Нимиц со претставниците на Македонија и Грција

Од:

Во понеделник и вторник во Брисел, посредникот на ОН во разговорите за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц ќе се сретне со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Оваа средба е дел од напорите на ОН да им помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решени, најави канцеларијата на Нимиц.

Периодов преовладува подобрена полилитчка клима меѓу Македонија и Грција, па новата рунда преговори следува со оптимистички очекувања од Скопје и Атина, но и до Вашингтон и Брисел за ставање крај на долгогодишниот спор.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев изјави дека треба да се направи исчекор и дека сега постојат поголеми шанси од претходно за изнаоѓање решение со Грција.

– Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото, изјави Заев.

Тој изјави дека е полесно да се промени името на еден аеродром отколку на земјата, одговарајќи на тоа кои отстапки е подготвен да ги направи.

И неговиот грчки колега, Алексис Ципрас најави дека во 2018 година очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија, доколку Скопје се одлучи на позитивни чекори напред.

– Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Во таков случај јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја, порача Ципрас вчера од Белград по средбата со негвоите колеги од Србија, Бугарија и Романија.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас претходно кажа дека очекува прашањето да се реши во првата половина на наредната година и решението мора да биде компромис, што ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации.

Оптимизам преовладува и во Вашингтон и Брисел. Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји смета дека расположението за решавање е досега на највисоко ниво, додека еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека очекува во првата половина на 2018 година да се најде политичко решение.

Добра волја за решение кај двете страни гледа и медијаторот Нимиц, кој во изјава за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА, изрази и надеж дека ќе бидат надминати и т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.

И медиумите во Грција коментираат дека средбата на Нимиц со преставниците на двете земји во Брисел, е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создаде во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија. Како временска рамка која го придвижува решавањето на спорот и постигнување заемно прифатливо решение, се посочува следниот самит на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел, а на кој Македонија се надева дека конечно ќе се отвори патот да стане членка на Алијансата.

Грчките медиуми најавуваат и дека е можно Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он