Пренџов: Власта пасивно го блокира Собранието

Од:

Во Собранието на Република Македонија, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно со претседателот Талат Џафери спороведуваат пасивна блокада на работењето на законодавниот дом рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Колаицијата „Обнова за Македонија“ Љупчо Пренџов.

– Имено, неколку недели наназад собранискиот сајт е во хаос и не функционира. На календарот за секојдневни активности на кој што има седници за комисии и пленарни седници недостасуваат материјалите кои што треба да бидат прикачени заедно со седниците, што е крајно недозволиво. Исто така, сајтот на е-парламент преку кој пратениците и собраниската служба имаат увид до пристигнати закони во Собранието и нивната собраниска процедура е нефункционален, така што се отежнува работата на пратениците и службата вели Пренџов.

Дополнително зачестени се деновите вели Пренџов кога или Собранието нема струја или се исклучува интернет конекцијата со што се блокирани сите собраниски активности.

Вели дека поради проблемите со струјата и интерентот имале потешкотии и да ги информираат медиумите за денешната прес конференција.

– Очигледно е дека ниту се работи за некаква случајост, ниту за некакви технички проблеми.Ова е пасивна блокада на законодавниот дом од страна на владејачкото мнозинство.Во услови кога опозицијата активно ги блокира штетните закони во Собранието, а власта пасивно ги блокира сите закони ова само покажува дека предвремени парламентарни избори се единствено решение во овој момент рече Пренџов.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски