Преминот „Евзони“ блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час

Од:

Од 18 часот вечерва граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција е блокиран од грчките земјоделци и на секој половина час по десет минути се пропуштаат патнички и товарни возила.

Веста за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Од 18 часот по македонско време отежнат е влезот во Грција преку преминот Евзони заради блокада на грчките земјоделци. Рампите се креваат на десет минути на секој половина час и засега немаме информација до кога ќе биде блокиран влезот, изјави Богев.

На другите граничните премини со Грција протокот на патници и стока засега се одвива нормално, а до 19 часот имало тричасовен застој на преминот Меџитлија-Ники, кој бил блокиран од грчките земјоделци од 16 часот.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот