Премиерот Заев утре ќе учествува на панел на Стратешкиот форум на Блед

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска замина за Словенија каде утре ќе учествува на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“, кој е дел од 16. Стратешки форум „Иднината на Европа“ што се одржува на Блед.

На панелот, воведно обраќање ќе има словенечкиот претседател Борут Пахор, а ќе учествуваат комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија, Јанез Јанша, на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на Косово, Албин Курти, на Полска, Матеуш Моравјецки, на Албанија, Еди Рама, претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, како и претседателите на Молдавија, Маја Санду и на Бугарија, Румен Радев.

На годинашниот Бледски стратешки форум, во останатите панели ќе учествуваат и многу други шефови на држави и влади од регионот и пошироко од Европа, високи претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

Форумот на Блед почнува денес, а ќе трае до 2 септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Европската комисија контра Шарл Мишел: Не сме фокусирани на проширување на ЕУ до 2030 година

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов