Премиерот Заев упати писмо со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по веста за ненадејната смрт на поранешниот потпретседател на Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми, упати писмо со сочувство до неговото семејство.

Изразувајќи жалење и сочувство, од свое лично и од име на Владата на Република Македонија, премиерот Заев напиша:

„Неговата ненадејна смрт ја примивме со голема тага. Почитуваниот Абдулаќим Адеми, како потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање и министер за образование и наука, остави голем придонес во формирањето и развојот на институциите на нашето општество“.

Во писмото, исто така, Премиерот изрази сочувство и поддршка и до неговите пријатели и соработници.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска