Премиерот Заев претседаваше со министерската работна група за Планот 3-6-9: Прецизирани мерките и реформите од Планот во делот 6 и 9 до март 2018-та

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска претседаваше со министерската работна група која ги презентираше реализирани реформи, како и следните чекори предвидени со Планот 3-6-9. На состанокот, пред се, беше констатирано дека досега се реализирани сите предвидени мерки од делот 3.

Во исто време, министрите информира дека е подготвен детален план за активностите и мерките кои треба да се реализираат во периодот до декември – јануари, кога ќе се финализира и делот 6 и 9, од Планот 3-6-9.

Најголем дел од реформите и законските измени се од областа на правосудството, реформа на разузнавачките служби, борбата против корупцијата, тероризмот и насилниот екстремизам, медиумите и реформи во областа на јавната администрација.

По направените консултации на денешниот состанок беше заклучено дека следните чекори од Планот 3-6 -9 во делот 6 и 9, ќе ги усвои Владата на следната седница, а во меѓувреме ќе ги консултира со Европската комисија и другите релевантни фактори.

На денешниот состанок, премиерот Заев исто така ги задолжи ресорните министри за законите предвидени со Планот 3-6-9, во делот 6, а кои треба да се донесат до крајот на годинава, да побараат и да добијат мислење од претставници од опозицијата.

Во исто време министрите на состанокот ги презентираа и мерките кои според Планот 3-6-9, треба да се реализираат до крајот на март, следната година.

Денешниот состанок на Министерската работна група за следење на спроведувањето на Планот 3-6-9, е дел од механизмот што го воспостави Владата на РМ, преку кој редовно, се следи имплементацијата на планот.

За текот на имплементацијата соодветно се информираат Собранието на РМ, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ, како и граѓанското општество експертската и пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија