Премиерот Заев на средба со Еуростат: Квалитетни статистички податоци важни за спроведување на одржливи политики

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со високи претставници на Еуростат, директорот на Директоратот А во Еуростат, Питер Еверарс, тим лидерот за земјите кандидатки за членство задолжен за Македонија и Албанија, Торбјорн Карлкуис, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар и директорот на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Апостол Симовски.

На средбата со високите претставници од Еуростат се разговараше за предизвиците во областа на статистичките истражувања и за важноста на квалитетот на статистичките податоци како предуслов за спроведување на долгорочни одржливи политики како и за препораките на Европската Комисија во последниот извештај во кој Македонија доби чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со Европската Унија.

Претставниците на Еуростат ги пренесоа европските искуства и пракси и разменија мислења за моделите на спроведување попис на населението во Република Македонија кој би ги исполнил меѓународните пропишани стандарди и би одговорил на очекувањата за обезбедување на квалитетни статистички податоци.

Премиерот Заев ја потенцираше заложбата на Владата на Република Македонија да ја гарантира професионалноста и независноста на институциите како што е Државниот Завод за статистика и да ги насочува институциите да го унапредат своето работење согласно европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ

Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

Ана Ололовска

Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 отсто

Горан Наумовски