Премиерот Заев на прием во Даунинг Стрит 10

Од:

Премиерот Зоран Заев синоќа заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО беше гостин на првиот човек на британската Влада, Борис Џонсон во неговата резиденција во Даунинг Стрит 10 во Лондон.

– „Даунинг 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, објави премиерот Заев на Фејсбук.

Заев во Лондон ја предводи владината делегација што вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?