Премиерот Заев на ифтарска вечер организирана од македонско-турската стопанска комора

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев, вчера беше гостин на ифтарската вечера по повод светиот месец Рамазан, организирана од македонско-турската стопанска комора во земјава.

-Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Ве имам како семејство и ми претставува посебна чест што ме поканивте мене и владата да бидеме заедно со вас кога ги исполнувате Вашите свети должности. Должности кои повикуваат на молитва за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе, истакнал Заев на вечерата.

Како што соопшти прес службата на Владата, премиерот порачал дека со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја негуваме нашата заедница, Република Северна Македонија, како една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што како аманет ни ја оставија нашите претходни генерации.

Заев нагласил дека ова е уште една прилика да ги потврдиме и ги реафирмираме силните билатерални односи со Република Турција и потсетил дека само во периодот јануари – февруари 2019 во споредба со истиот период лани со Турција имаме зголемување на обемот на трговска размена за 10.7 проценти.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев