Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, со честитка до Заев по повод Денот на независноста на Република Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, прими телеграма со честитки по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 септември, од премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо.ж

„Дозволете ми во мое, и во име на Владата на Република Словачка да ви го честитам големиот празник на вашата земја. Мој личен интерес, и во интерес на Владата на мојата земја, е да ги зајакнуваме и понатаму нашите пријателски односи и заедничката соработка меѓу Република Македонија и Република Словачка. Посебно внимание во иднина сакаме да посветиме на нашата економска соработка“, се вели во телеграмата со честитки по повод празникот, Ден на независноста на Република Македонија.

Премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо, во честитките до премиерот Заев, истакнува дека Република Словачка е подготвена целосно да го понуди своето искуство и асистенција во однос на аспирациите на Република Македонија за членство во Европската Унија.​

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски