Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

Од:

Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во билатерална посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

– Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму – нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка, истакна премиерот Мицкоски.

Во рамките на официјалната посета на ОАЕ, премиерот Мицкоски и владината делегација ја посетиле величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби архитектонско ремек – дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството.

– Оваа џамија не само што претставува едно од највпечатливите верски и културни обележја на Емиратите, туку и место што ги спојува традицијата и современоста, отворајќи врати за луѓе од сите вери и нации. Посетата остави силен впечаток и претставува потсетник на значењето на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог меѓу народите, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Во деновите коишто следат, премиерот Мицкоски, како што соопшти владината прес-служба, ќе има средби со стопанските комори на Емиратите – Дубаи, Абу Даби, Шарџа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг од изборите гласаа за Македонија

А1он

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија