Премиерот Ковачевски не одговара дали има 80 пратеници за измена на Уставот

Од:

Нема одговор од премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали Владата има 80 пратеници за измени на Уставот. Наместо тоа, посочи дека сите пратеници треба да го поддржат вметнувањето на Бугарите во Уставот, а уставните измени се процес кој трае.
Смета дека Македонија е уценета од две партии.

„Уставните измени не е од еден ден. Обврска на сите пратеници е да го поддржат патот кон ЕУ и да не го попречуваат. Тоа не е процес на еден човек, една партија, една Влада. Тоа е широк општествен и политички процес кој бара консензус. Ние имаме политичка уцена во државата, каде ВМРО-ДПМНЕ и Левица велат дека не поддржуваат уставни измени, а кога ќе ги прашате кој им е планот – немаат план“, кажа Ковачевски.

Тој упати низа критики кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратениците добиваат мандат согласно Устав, закони, Деловник на Собранието. И тие носат такви одлуки. На денот на избори, граѓаните го предаваат тоа на пратениците. Се што е во рамки на Уставот, законот, Деловникот треба да го работат. Во програмата има зачленување во ЕУ. Тоа значи носење на такви одлуки. Ај кажете ми каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе фрлаат молотови коктели како во јуни? Каде стои дека ќе блокираат закони за помош во време на најголема политичка и економска криза? Тоа никаде не стои, а тоа го прават“, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски