Премиерите Заев и Јанша и еврокомесарот Вархеји: Нема друга опција освен европски Западен Балкан

Од:

Премиерот Зоран Заев, како дел од неговата програма со активности на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша, во функција на словенечкото претседателство со ЕУ и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„На средбата беше потврдено дека проширувањето на ЕУ е приоритет на словенечкото претседателство и дека земјите од Западен Балкан треба што е можно поскоро да станат членки на Унијата.

Соговорниците на средбата се согласија дека пречките што се исправија пред овој процес може да се отстранат и за тоа постојат позитивни примери од поблиското минато.

Заедничка констатација на премиерите Заев и Јанша и на еврокомесарот Вархеји е дека нема простор за други опции освен европски Западен Балкан и дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите час поскоро“, информираат од Владата.

На средбата било речено дека до крајот на годината има доволно време Бугарија и Северна Македонија да го изодат патот до решение кое ќе ја забрза европската интеграција на цел регион и дека решенијата подразбираат грижа за себе, но и грижа за другиот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска