„Премиере имам малолетни деца, ме изманипулираа“, сведочеше обвинет за крвавиот четврток

Од:

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев изманипулиран, сите знаеме како се најдовме таму. Јас не удирав. Бев само присутен неколку минути. Имам две малолетни деца, премиере“, сведочеше обвинетиот за грубо насилство Илија Петрушевски во Кривичниот суд во присуство на премиерот Зоран Заев. Петрушевски се изјасни за невин, но му се извини на Заев во судницата.

Скопската обвинителка Зорица Павловиќ рече пред судот дека има снимки и фотографии за неговите дејствија за организираниот упад и насилствата во парламентот и оти тие снимки како докази ќе бидат пуштени во судот.

„Еве јас нема, да барам отштета од обвинетиот, очекувам судството да ги има сите аспекти со цел никогаш никој да не го помине тоа што јас, колегите пратеници и новинарите го поминавме таа вечер”, рече Заев. Тој дополни дека ќе му биде жал ако обвинетиот добие казна, бидејќи има две малолетни деца, но рече таа вечер други деца можеа да останат без родител.

Судењето почна од почеток поради протек на 90 дена.

„Не маваа со секаков вид предмети што ги носеа со себе, или користеа од просторијата (маси, столици, сталаци од камњрите на новинарите, кабли и дриги видови предмети. Во целиот овој период се слушаше: “Убијте го Заев, убијте ги пратениците, скини му ја главата… „Не тепаа со тврдите предмети, нони со тупаници и клоци. И авме расекотини, рани, модрици по цело тело, особено по екстремитетите”, рече Заев како сведок и оштетен.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта