А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Преку „зелени коридори“ побрз транспорт на прехранбените стоки и медицински производи

by А1он14/04/2020 - 15:5614/04/2020 - 16:08504
Share0

За прехранбените продукти и за медицинските производи чиј брз транспорт е оценет како суштински важен во здравствената криза ќе биде овозможен побрз транспорт во земјите членки на ЦЕФТА.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тоа значи дека на граничните премини ќе постои посебна лента за превозниците на овие производи при влез и при излез од земјите.

– Заради важноста на овие есенцијални стоки, трговијата со нив и нивниот транспорт ќе добијат приоритет во однос на другите стоки. Тие ќе се одвиваат преку т.н. „зелени коридори“. Тоа не значи дека ЦЕФТА не обезбедува ефикасен транспорт и на сите други стоки, меѓутоа транспортот на есенцијалните стоки добива приоритет при преминувањето на границите, информира денеска Стопанската комора на Македонија.

Оттаму посочуваат дека во земјава зелените коридори се активирани веќе од вчера и тоа на граничните премини Табановце, Блаце и Ќафасан.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од страна на ЦЕФТА е одобрена листа на стоки со примарно значење која може да се најде на нивната интернет-страница.

Во функција е и Систем за електронска размена на податоци преку кој царинските служби на земјите во рамки на ЦЕФТА електронски ќе си праќаат информации за пристигнување на овие стоки со цел да се овозможи брз проток на стоките.

– Со ова се заокружува иницијативата од мартовскиот состанок на ЦЕФТА за преземање регионални мерки за слободна трговија на стоки во контекст на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19, велат од Стопанската комора.

ceftakoronavirustransport

Би можело да ве интересира

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он17/08/2026 - 18:05

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски02/01/2026 - 10:09

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Предраг Петровиќ19/03/2025 - 16:54

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска11/06/2023 - 12:37

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска10/06/2023 - 16:0610/06/2023 - 16:07

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска14/10/2022 - 19:2214/10/2022 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео