Преку програмата „Форум на заедницата“ штипјани ќе ги определуваат приоритетите на градот

Од:

Општина Штип, во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој и Центарот за институционален развој- ЦИРа од Скопје, од среда (19.6.2013) започнува со реализација на програмата „Форум во заедницата“.

Целта на оваа програма е граѓаните да земат директно учество во доносувањето на одлуките што имаат локален карактер.

За реализација на овој проект Општината располага со буџет од 4.800.000 денари, од кои половина ги обезбеди Општина Штип, а половина се донација од Швајцарската агенција за соработка и развој.

„Општина во апликацијата ги наведе темите спорт и образование, односно области за кои смета дека се од најголемо значење за развој на локалната заедницата и од тие причини на шесте форумски сесии ќе избере еден или повеќе проекти од овие области“, изјави Вишна Шорова- Ангелова вработена во Општина Штип.

На денешната прес-конференција беа посочени предностите на оваа програма, која на републичко ниво се спроведува уште од 2006 година, а досега учество зеле над 45 општини.

„Ова е единствена и ретка форма преку која граѓаните и според законот имаат можност да учествуваат во донесување одлуки во рамки на локалната самоуправа за кои тие сметаат дека се нивни приоритети. Граѓаните предлагаат свои проекти во рамките на овие две теми, а можат да бидат предложени и 10-15 проекти во рамките на спортот и на образованието. Понатаму, преку заедничко гласање на петтата форумска сесија, определуваат кој од предложените проекти ќе биде реализиран со средствата што се обезбедени“ , изјави Весна Колова, локален комодератор на овој проект.

Право на глас при изборот на приоритетниот проект ќе имаат граѓаните кои ќе присуствуваат на најмалку три од пет форумски сесии што ќе се спроведат на ниво на општина Штип.

Локалниот комодератор на овој проект не располагаше со информацијата за тоа дали избраните проекти во рамките на програмата „Форум на заедницата“ досега се реализирани.

Првата форумска сесија ќе се одржи во среда со почеток од 13 часот во просториите на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип, а право на учество имаат сите граѓани од општината.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети