Преку „Меџитлија“ и „Дојран“ во Грција само пеш, на „Богородица“ повремено со автомобил

Од:

Поради штрајк на грчките цариници од изутрината во 5 часот во целосен прекин е сообраќајот на граничките премини Меџитлија и Стар Дојран, а на граничниот премин Евзони повремено се пропуштаат само само патнични возила. На трите премини македонско-грчката граница може да се премине само пеш, соопшти МВР. Од 9 часот во целосен прекин е и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Штрајкот на граничниот премин „Меџитлија” – „Ники” започнал во 5 часот утрпво и ќе трае до 5 часот утре. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин.

На граничниот премин „Богородица“ од македонска и „Евзони“ од грчка страна штрајкот ќе трае 23.00 часот вечерва, а најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе бидат пропуштани.

На граниченниот премин „Стар Дојран“ – „Дојрани“, штрајкот на грчките цариници исто така ќе трае до 23:00 часот, а во овој временски период ќе бидат пропуштани само пешаци. Патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правца.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција