Преку Богородица се влегува во Грција, но патници нема

Од:

Од копнените граници за влез во Грција од утрово за трансфер на патници и туристи е отворен граничниот премин Евзон“ но дека ситуацијата е слична како и пред отворањето се гледа по граничниот премин Богородица каде што утрово е невообичаено мирно и нема патници и туристи.

Дежурната гранична служба на Богородица информира дека од утрово границата ја поминале на излез од земјава околу дваесетина возила и дека состојбата речиси по ништо или, пак, многу малку се разликува од претходната кога грчкиот премин Евзони беше затворен за патнички сообраќај.

На границата нема и туристи од Србија на кои од денеска им е дозволен влез во Грција. Причината не е позната, а се претпоставува дека е страв од коронавирусот или, пак, непознатите процедури на кои инсистира грчката страна за влез во земјава, електронско пополнување на здравствени формулари, тестирање по случаен избор и означување на локацијата за престој во Грција.

За нашите туристи Евзони останува затворен најмалку до 15 јули, а транспортниот сообраќај се одвива нормално, без прекин.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли

Русија објави до каде и се нејзините нови граници

Границите на Балканот ќе ги нема само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Жарко Настоски

Владина група предлага кризна состојба на границите за заштита од заразени мигранти

Жарко Настоски

До 5 април забрана за влез во Грција, без разлика на начинот на пристигнување