Границите на Балканот ќе ги нема само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека Владата досега не го добила и немала можност да го види нон пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша во која тој наводно пишува за промена на границите на Балканот. Република Северна Македонија, вели Заев е суверена земја, а нејзиниот интегритет е загарантиран и со Уставот, но и со Договорот за членство во НАТО. Промена на границите на Балканот, дециден е Заев, е можна само во форма на нивно отстранување во момент кога балканските земји ќе станат земји членки на ЕУ.

– Република Северна Македонија е членка на НАТО, и нејзината стабилност, сигурност и територијален интегритет и суверенитет е загарантиран и со членот пет од Договорот за полноправно членство во Алијансата, покрај тоа што ние го гарантираме и со нашиот Устав. Истовремено како Влада веруваме во можноста за отстранување на границите единтвено при членување во Европската унија, како земјите стануваат нејзини членки и ги исполнуваат условите од Шенген механизмот. Тоа значи границите се отвораат за да може сите да бидеме членки на европското семејство, како што нема граници меѓу Австрија и Германија, Австрија и Италија, Полска и Чешка, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Само на тој начин, потенцира Заев, може да дојде до промени.

Би можело да ве интересира

Француско-германскиот нон-пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан, утре ќе биде во Скопје

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ пред Украина, смета Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ на Европа