Преку 1.000 маски на „Батко Ѓорѓија“ во Куманово

Од:

Повеќе од 1.000 маски продефилираа на 13. маскенбал „Батко Ѓорѓија“ што се одржа денеска на градскиот плоштад во Куманово.

Манифестацијата ја организираа Општината и Фондацијата за развој на кулутрата и спортот од Куманово. Учествуваа ученици од шест објекти на градинката „Ангел Шајче“, од 16 основни и пет средни училишта во градот кои се претставија со групни и индивидуални маски, како и гости од Струмичкиот карневал кои настапија во ревијалниот дел.

– На наше големо задоволство традицијата продолжува и кумановскиот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ се случува од 2002 година, првично во организација на Коледарското здружение, а подоцна го презема Општината под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, со голема поддршка од Советот. Има прекрасни маски и тоа ни дава голема инспирација и повод ова да прерасне во карневал кој би имал и поголемо и меѓународно значење, изјави претседател на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово Нино Величковски.

Тричлена жири комисија додели награди за најдобрите учесници на ниво на градинки, основни и средни училишта, но и во поединечна конкуренција.

Според организаторите, интенциите се манифестацијата да прерасне во карневал кој ќе влезе и во Меѓунаредоната фестивалска програма со цел да се етаблира и во Македонија и надвор од државата.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски