Прекршочни пријави за напаѓачот на новинарот на ТВ Телма

Од:

Во Скопје на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи,синоќа околу 21,20 часот,  Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје.

МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.

К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена