Прекинуваат интервентните мерки при надминување на прагот на алармирање во Струмица

Од:

Среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на метар кубен и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица, со што прекинуваат интервентните мерки што се активираат при надминување на прагот на алармирање.

– Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат интервентните препораки и мерки согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија. Редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и пропратниот оперативен план за имплементација продолжуваат да се имплементираат согласно Планот за чист воздух на Владата на РМ, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски