Прекинато судењето за 27 април поради влошена состојба на обвинетиот Марковски

Од:

Судијката Добрила Кацарска го одложи денешното рочиште за „крвавиот четврток“ поради влошена здравствена состојба обвинетиот Сашко Марковски.

Таа по паузата истакна дека медицински лица го прегледале обвинетиот по што бил известен судот дека е потребно тој да биде пренесен во болница каде треба да му биде направена ренген снимка.

Кацарска исто така кажа дека поради тоа што денешното и вчерашното судење траеле прилично кратко, од утре рочиштата ќе траат подолго со цел да се надокнади она што не се завршило овие денови.

На денешното судење се прегледуваа снимките од безбедносните камери 10 и 14 во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“