Министерката за правда, Рената Дескоска и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски заедно ги брифираа новинарите дека има суштински разлики околу законот за јавно обвинителство.
Како што кажаа, оставен е простор, уште еднаш да ги разгледаат заклучоците од лидерската средба, па потоа да се состанат работните групи.
Не кажаа кога ќе се одржи нов состанок, но потенцираа дека ќе биде помеѓу работните групи на партиите.
Денешната средба на преговарачките тимови на СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.