Прекинат бојкотот во струшките училишта

Од:

Струшките средношколци и основци кои ја бојкотираа он-лајн наставата од почетокот на учебната година пред два дена се вратија на училишните обврски со следење на наставата без физичко присуство.

Таквата одлука, велат дека ја донеле по најновата епидемиолошка состојба во државата, но и во консултации со советот на средношколци од другите градови, каде што имаше бојкот. Иако не се согласуваат со учење од далечина сепак, како што велат, не сакаат да стават во опасност нечии животи. Одлуката, доаѓа и по најавите за санкции на учениците, кои нема да следат он-лајн настава.

– Откако ќе се смири епидемиолошката состојба ќе преземеме најбрзи чекори за да се вратиме во училишните клупи, посочи Ораганизацискиот совет.

Настава со физичко присуство се изведува само во средното стручно училиште „Нико Нестор“ во практичниот дел и вежби. Учениците, како што појасни директорот Миле Попоски, поделени во групи за практична настава одат еднаш или два пати неделно.

– Тоа се наставни предмети кои мора да се реализираат во училиште, како практична настава. Се реализираат во кабинети, работилници, лаборатории… Секој ученик треба да дојде еден или два дена во неделата. На практична настава и вежби се околу 150 до 180 ученици дневно. Тоа може да го контролираме лесно, а за поголема бројка ризикот за пренесување на болеста е многу поголем, изјави Попоски.

Он-лајн настава има и во основните училишта во струшко каде до минатата недела имаше бојкот, но поради слабиот интернет се приклучуваат мал број ученици.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра