Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Долно Лисиче, Ченто, Маџари, Хиподром и Труберево

Од:

Дел од корисниците во Долно Лисиче, Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето поради улични дефекти.

– На ден 22 јули 2020, поради уличен дефект од ф 80мм на ул. 10 бр.26А Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и 10 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите, соопштија од ЈП Водовод и канализација.

Информираа дека денеска, поради дефект на приклучна цевка од ф 5/4 на ул.„Товарник Финска“ 8Б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со активностите.

– На ден 22 јули 2020 поради уличен дефект ф-80мм и дефект на пп хидрант ф-80 на ул. „Иван Наумов Алабакот“ 32, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од населба Маџари, Хиподром и Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 до завршување со активностите, посочија од ЈП Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он