Прегледаните аџии од Куманово во добра здравствена состојба

Од:

Последниве четири дена на преглед и контрола согласно упатствата и препораките на Комисијата за заразни болести се јавиле 66 патници, кои изминативе денови престојувале на аџилак во Саудиска Арабија, соопшти Центарот за јавно здравје од Куманово.

Прегледаните, според Јадранка Стаменковска епидемиолог во центарот за јавно здравје, се во добра здравствена состојба.

– Здравствените тимови спроведуваат конторла на повратниците. Прво им се врши епидемиолошка анкета, се зема крв за утврдување на маларија, се мери температура, се проверува дали имаат симптоми на заразните болести, ебола, колера, како и на респираторниот вирус МЕРС, изјави Стаменковска.

Овие патници, пред заминувањето во Саудиска Арабија примиле вакцина против менингит, а им била дадена и антималарична хемиопрофилакса во просториите на Центарот за јавно здравје.

Според евиденцијата на кумановскиот Центар за јавно здравје се очекува на контрола и преглед да се јават уште 50 патници. Епидемиолозите од кумановскиот Центар за јавно здравје информираат дека ќе ја следат состојбата на патниците во наредните три недели.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане